82 години настава на македонски јазик

Основно општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ - Битола

централно основно училиште во градот Битола, Општина Битола

ОУ „Св. Кирил и Методиј“ - Битола

Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ - Битола е лоцирано во центарот на градот Битола, гравитира во три месни заедници и тоа МЗ „Блаже Рогузинаро", МЗ „Александар Турунџев", и МЗ „Коле Канински". Во состав на ОУ„Св. Кирил и Методиј“ - Битола работи подрачното училиште во с. Логоварди. Основната дејност на училиштето е воспитание и образование на ученици од 5,8 год. до 16 годишна возраст.

Содржината, организацијата и стратегијата на остварувањето на воспитно - образовната дејност во училиштето се заснoва врз неколку начелни определби, како што се: демократичност, давање приоритет на развојните ефекти на наставата, отворање на организациски и дидактички можности за оптимален развој на секој ученик, остварување на флексибилен и диференциран приод во изборот на содржините, трајни и применливи знаења.

Објектот во кој е сместено ОУ „Св. Кирил и Методиј” Битола датира од 1869 година. ОУ „Св Кирил и Методиј“ е изградено за време на турското ропство за потребите на занаетчиските еснафи. За континуирано успешно работење и можност за постигнување резултати во наредниот период во воспитно-образовната дејност потребно е подобрување и осовременување на условите за работа.

Во подрачното училиште во с.Логоварди зградата е понова со современи услови за работа и развој на учениците од одделенска настава. Од шесто одделение учениците доаѓаат во централното училиште со обезбеден превоз.